Шкендија има големи шанси за европска пролет!

by riste
1 минути читање

По вчерашната победа од 2-0 над Слован Братислава, Шкендија си ги зголеми шансите за место во нокаут фазата од Конференциската лига.

По пет одиграни кола Шкендија собра седум бодови и се наоѓа на 21. позиција на табелата.

Според „Football Meets Data“, Шкендија со вчерашната победа си ги зголемила шансите за 65.06 проценти и направила голем чекор кон нокаут фазата.

Во последното коло Шкендија гостува на АЕК Ларнака, со реми сигурно ќе оди понатаму, а реални се шансите дека и со пораз ќе помине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×