Хит реакција на Халанд: Карагер е сега како репетирана пушка (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По победата на Манчестер Сити на гостувањето кај Реал во шестото коло од Лигата на шампионите, Ерлинг Халанд се вклучи во програмата на „ЦБС“.

Неговото појавување на екранот беше поздравено со аплауз од целото студио каде што беа: Мика Ричардс, Тиери Анри и Џејми Карагер.

Но, потоа следуваше интересна реакција од норвешкиот голгетер.:

„Малку сум нервозен кога го гледам Џејми Карагер во студио“, се пошегува се Халанд, алудирајќи на исклучително острите коментари што Карагер неодамна ги упати кон Мохамед Салах.

„Карагер сега е како репетирана пушка, само чека момент“, додаде Норвежанецот, кој во натпреварот против Реал постигна гол од пенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×