74
Спектакуларен меч
одиграа Ливерпул и Манчестер Сити во големото дерби од 23 коло во англиската
Премиерлига.
Домаќините на „Енфилд“
славеа со 4-3 а интересен детал од мечот стана вистински хит на социјалните
мрежи.
Се работи за голот на Роберто
Фирмино за 2-1, Бразилецот одлично се снајде во казнениот простор на гостите и
погоди на мајсторски начин, го соблече дресот и се упати кон фановите да
прослави, а капитенот на Ливерпул, Дејан Ловрен се погрижи за неговиот дрес, а
тоа беше уловено од камерите.