64
Без Месут Озил и Алексис Санчез, Арсенал капитулираше на гостувањето на Виталити Стадионот.
„Топчиите“ имаа неколку добри прилики во првиот дел, но поведоа дури на стартот од вторите 45 минути. По еден брз против напад, Бељерин донесе 0-1.
Но наместо да го дотолчат противникот, избраниците на Арсен Венгер имаа пад во играта и му дозволија на Борнмут да направи пресврт и да стигне до победа.
Петр Чех лошо процени една топка во 70. минута и му овозможи на Вилсон да изедначи на 1-1.
Само четири минути подоцна следуваше нов шок за Арсенал, Ајб погоди за 2-1.
„Топчиите“ силно притиснаа во завршницата по изедначување, но не успеаја по втор пат да го совладаат Беговиќ.