Анри за Салах: И јас имав проблеми со Венгер и Гвардиола, но…

by riste
0 минути читање

Мохамед Салах откако беше седнат на клупата го крена гласот против Арне Слот и Ливерпул, па многумина го осудија за себичност во време кога на црвените не им оди.

Многумина поранешни фудбалери го искритикуваа однесувањето на Салах, а еден од оние е и легендарниот Тјери Анри.

„Имав проблеми со Венгер и Гвардиола. Дали сум зборувал јавно за тоа? Никогаш! Без оглед на тоа што се случува во клубот, вие го заштитувате клубот – вашите соиграчи, тренерот, персоналот. Не ги откривате вашите валкани алишта јавно, особено кога клубот поминува низ тешки времиња“, рече Тјери Анри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×