Необична ситуација се случи на натпреварот од српското првенство меѓу Раднички Ниш и Чукарички, мечот беше прекинат откако снема струја.
Се играа почетните минути од второто полувреме на мечот кога оддеднаш настана целосна темница на стадионот. Снема струја во Ниш, па судијата ги испрати фудбалерите во соблекувалната.