Мохамед Салах е на излезните врати од Ливерпул, се најавува една опција за иднината

by 24 фудбал
1 минути читање

Мохамед Салах ја отвори најголемата приказна на денот откако јавно соопшти дека доаѓа крај на неговиот престој на Енфилд. Египќанецот не го криеше незадоволството од својот статус во тимот и од начинот на кој се чувствува третиран од клубот и од тренерот Арне Слот.

По ремито со Лидс, Салах беше брутално искрен и порача дека нема никаква конекција со Слот, додавајќи дека има луѓе кои би сакале тој да си замине од Ливерпул. Ваквите зборови веднаш ја разгореа приказната за можно разделување во јануари. Саудиски Ал Хилал внимателно ја следи ситуацијата и веќе подготвува официјална понуда за 33 годишниот офанзивен играч од средниот ред. Клубот од Ријад смета дека ова е идеален момент да го донесе Салах во своите редови.

Ливерпул не сака да остане неподготвен и според информациите од Англија веќе има потенцијална замена. Антонио Семењо од Борнмут се појавува како главна опција и е играч кој целосно одговара на профилот што го бараат на Енфилд.

Сагата продолжува и јануарскиот преоден рок ветува уште многу возбудливи моменти околу иднината на Мохамед Салах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×