Светската фудбалска федерација ФИФА oдлучи да врати едно старо правило за групната фаза на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, правило што беше ссменето уште во 2006 година.
По вчерашната ждрепка, од ФИФА најавија дека се менува начинот на бодување и решавање на пласманот во групите. Во изминатите две децении, при израмнет број бодови одлучуваше гол-разликата. Но, од следното Светско првенство, приоритет повторно ќе има меѓусебниот дуел.
Тоа значи дека ако две репрезентации завршат со идентични бодови, подобро пласирана ќе биде репрезентацијата што била поуспешна во директната пресметка. Доколку и тој сегмент е изедначен, тогаш ќе се гледа гол-разликата.
Од ФИФА веруваат дека на овој начин ќе спречат големите репрезентации да ги користат аутсајдерите за подобрување на гол-разликата. Како што е веќе познато, место во нокаут фазата ќе обезбедуваат првите две репрезентации и најдобрите осум третопласирани селекции.