Од Нигерија пристигнува информација за трансфер бомба: Осимен се сели во Реал Мадрид?!

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Поранешниот фудбалер, Сандеј Олисе вели дека добил информации за трансфер на Виктор Осимен во големиот Реал Мадрид.

Виктор Осимен минатото лето во целост беше купен од Галатасарај откако претходните 12 месеци ги помина на позајмица во Истанбул, но често се говори дека ќе направи трансфер во некое од топ 5 првенствата во Европа.

Поранешниот фудбалер, Сандеј Олисе сега вели дека напаѓачот ќе се пресели во големиот Реал Мадрид.

„Многу се зборува за преселба на Осимен во Реал Мадрид. Нема да ви откривам како ја дознав оваа информација, но ми беше кажано дека ќе направи ваков трансфер“ – вели Сандеј Олисе.

„Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи, но кога го слушнав тоа од влијателни личности во Нигерија, многу се израдував за момчето“.

Во моментов Килијан Мбапе е главен во нападот на Реал Мадрид, па тешко за верување е дека „кралевите“ ќе одвојат голема сума на пари за Виктор Осимен за тој потоа да дреме на клупа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×