Напаѓачот на македонската репрезентација, Бојан Миовски ги исклучил социјалните мрежи по критиките од фановите и новинарите на Островот за неговите неефикасни партии.
Миовски во Ренџерс пристигна како големо засилување, но наместо да блесне во новата средина, тој ја продолжи неефикасната форма од Жирона.
Македонскиот напаѓач има дадено само два гола во 18 настапи за Ренџерс, а последниот погодок му е на 5 октомври.
Миовски беше стартер против Данди Јунајтед и одигра 90 минути, но не успеа да се запише во листата на стрелци, по што се зголемија критиките на негова адреса, како меѓу фановите, така и меѓу фудбалските новинари во Шкотска.
Со цел да си обезбеди мир во овој бурен период за него, Миовски од вчера е недостапен на својот Инстаграм профил, а деактивиран му е и профилот на Твитер.