Денеска ждрепка за Светското првенство!

by riste
1 минути читање

Денеска со почеток од 18 часот во Кенди центарот во Вашингтон ќе се одржи ждрепката за групите на Светското првенство.

Ова ќе биде прв Мундијал на кој ќе учествуваат 48 репрезентации. Познати се имињата на 42 селекции кои веќе изборија пласман, останатите шест места ќе бидат одлучени во март кога ќе се играат бараж натпреварите, во нив партиципира и Македонија.

Шеширите на денешната ждрепка:

Прв шешир: Канада, Мексико, САД, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија

Втор шешир: Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Кореја, Еквадор, Австрија, Австралија

Трет шешир: Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Словновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка

Четврти шешир: Јордан, Зеленортски Острови, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, шесте селекции од баражите

Македонија ќе ја дознае потенцијалната група во која ќе се најде доколку го мине баражот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×