36
Арсенал е лидер во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но топчиите мислат и на иднината, клубот се засили со двајца 16-годишни близнаци од Еквадор.
Се работи за талентираните Едуин и Холгер Кинтеро кои доаѓаат од Индепендиенте дел Вале од Еквадор.
Едвин брз играч, добар дриблер, игра со левата нога и тој е фудбалер кој оперира по десната страна, десно крило.
Холгер е технички надарен играч, тој игра со десна нога и е офанзивен играч од средниот ред.
Двајцата уште некое време ќе останат во Индепендиенте дел Вале да го продолжат својот развој, а потоа ќе пристигнат во Арсенал.