Maнчестер јунајтед вечерва беше подобар противник од Вест хем и имаше повеќе од играта, но на крајот „црвените ѓаволи“ не успеаја да слават победа и одиграа 1-1.
Од почетокот на дуелот избраниците на Рубен Аморим тргнаа офанзивно создаваа прилики, меѓутоа мрежата не се тресеа и резултатот остана почетниот.
Мора да се спомене дека екс-фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ван Бисака вечерва во дресот на „чеканите“ одигра одличен натпрревар.
Резултатот беше отворен во 58-та минута кога Диого Далот ја погоди мрежата на гостите од Лондон за 1-0.
Тоа водство на Јунајтед беше актуелно се до самата завршница кога 22-годишниот Французин, Сонготу Магаса израмни на 1-1.
Со ова реми Јунајтед не успеа да врзе две победи откако во минатото славеа над Кристал палас со 2-1.