Њукасл има план – да стане еден од најдобрите во светот до 2030 година!

by riste
1 минути читање

Новиот директор на Њукасл, Дејвид Хопкинс има визија да го направи клубот еден од најдобрите во светот и тоа за само 4-5 години.

Тој пред три месеци беше назначен на директорската позиција на Њукасл, а неговите планови се многу амбициозни.

Ќе се гради нов стадион, тренинг центар, а сопствениците од саудискиот фонд ќе треба и добро да го одврзат ќесето за нови засилувања.

„До 2030 година за овој клуб ќе се зборува дека е еден од најдобрите во светот. Таков напредок не трае толку долго колку што мислите. Потребна е јасна стратегија и план. Мора да имаме храброст да ги игнорираме сите кои се сомневаат во нас во моментов“, кажа Хопкинс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×