Шоу на Мбапе, Реал Мадирд со убедлива победа се враќа од Билбао! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао, момците на Чаби Алонсо конечно одиграа еден натпревар според сите очекувања.

Резултатот го отвори Килијан Мбапе со гол уште во седмата минута, а потоа беше полесно.

На три минути пред крајот на првото полувреме по една одлична акција, Мбапе со глава асистираше до Камавинга кој исто така со глава реализираше за водство од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Мбапе со својот втор гол на натпреварот. Тоа се случи во 59. минута по аситенција од Карерас.

Ова е многу важна победа за кралскиот клуб по лошите резултати во последно време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×