Драматична ситуација се случи во теко на воведната емисија пред пријателскиот натпревар помеѓу фудбалерките на Англија и Гана откако на познатата водителка Лаура Вудс ѝ се слоши во текот на преносот.
Во најавата за натпреварот додека водителката раговараше со Јан Рајт и Анита Асанте почна да губи рамнотежа, а во моментите кога се сруши, брзо реагираше поранешниот напаѓач на Арсенал кој успеа да спречи да не падне на земја.
Во тие моментите преносот беше прекинат, па продолжи со нова водителка. За среќа, подоцна пристигна информација дека Вудс е во стбилна состојба и дека се работело за вирус, па ќе ѝ биде потребен мал одмор.
Hope Laura Woods is ok, well done for Ian Wright for being alert👏 pic.twitter.com/diuJ6sQPM8
— No Context Prem (@NoContextEPL) December 2, 2025