Барса со пресврт до победа во дербито против Атлетико! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона со 3-1 го победи Атлетико Мадрид во големото дерби од Ла Лига и ја зголеми предноста на врвот на табелата пред Реал Мадрид.

Атлетико Мадрид одлично го почна натпреварот, по само 19 минути игра со гол на Баена поведе со 1-0.

Но, предноста на гостите траеше само седум минути, тогаш Рафиња даде гол за израмнување на 1-1.

Во 36. минута Левандовски имаше огромна шанса да донесе водство на Барса, шутираше пенал, но го изведе исклучително лошо, биеше високо над голот.

Водството на Барса сепак се случи, во 65. минута Дани Олмо погоди за пресврт и предност на домаќините од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Феран Торес длабоко во судиското продолжение од натпреварот.

Барселона сега има четири бода предност пред Реал Мадрид кој утре го игра својот меч од ова коло, на гостински терен кај Атлетик Билбао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×