Манчестер Сити со 5-4 го победи Фулам на Кревин Котиџ, гостите во последната минута вадеа од гол линијата, а водеа со четири гола разлика.
Еден од најинтересните натпревари оваа сезона, а ќе беше незаборавен ако Фулам извадеше реми, малку фалеше тоа да се случи.
Резултатот го отвори Халанд во 17. минута, а потоа голови дадоа Рејндерс и Фоден за убедливи 3-0. Пред крајот на првиот дел Смит Роу реализираше за 1-3.
Брзо во вториот дел Фоден даде гол за 4-1, а потоа Берг си постигна автогол за 5-1. Во тие моменти никој не очекуваше драма, но тоа се случи.
Ивоби намали на 2-5, а потоа Чукуезе даде два гола за 4-5. Беше 78. минута, а Фулам дојде на погодок до сензација.
Имаа шанси и за петти гол, особено во последната минута кога гостите вадеа од гол линија. Сепак на крајот тимот на Гвардиола ги освои трите бода.