128
Родриго се соочува со најтешкиот период откако пристигна во Реал Мадрид и влезе во несакана историја на клубот. Бразилецот стигна до бројка од 30 последователни натпревари без постигнат гол во сите конкуренции и се израмни со антирекордот што го држеше Маријано Диаз.
Последен пат Родриго погоди во март во триумфот од 2-1 над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Од тој момент Бразилецот е без погодок и ќе мора да се запише во листата на стрелците на утрешното тешко гостување кај Атлетик Билбао за да избегне да стане самостоен рекордер.
Во Примера ситуацијата е уште понеповолна. Родриго последен пат стрелаше во јануари, а во тековната сезона има 12 натпревари без учинок.