168
Реал Мадрид е подготвен да се ослободи од една од своите ѕвезди и тоа уште во јануарскиот преоден рок.
Станува збор за Родриго, Бразилецот не ја искористи својата шанса од Алонсо оваа сезона, не ги оправда очекувањата и Реал Мадрид е подготвен да прифати понуда за него.
Тие би го продале уште во јануари доколку добијат соодветна понуда.
Покрај Родриго, во јануари се очекува да замине и Ендрик, но тој би отишол само на позајмица. Клубот веројатно ќе биде Лион.