113
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот открива дека Мохамед Салах не бил среќен со одлуката да седне на клупа.
Салах игра под секое ниво оваа сезона и само поради неговото име не беше седнат порано на клупа. Слот одлучи тоа да се случи во претходното коло, а Ливерпул одигра подобро и го победи Вест Хем.
„Се разбира дека не е среќен бидејќи не стартува, но им дава поддршка на соиграчите. Тој е топ професионалец“, вели Слот.
Тренерот на Ливерпул потврди дека од 15 декември Салах ќе патува со Египет на Африканското првенство.