Фудбалерот кој беше „вишок“ во Манчестер јунајтед е избран за најдобар во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминеј продолжува да ги собира признанијата во Италија. Фудбалерот на Наполи е прогласен за МВП на сезоната во Серија А, според изборот на Асоцијацијата на професионалните фудбалери на Италија.

Ова е уште едно големо признание за Мектоминеј, кој веќе беше избран и од Серија А за најдобар играч на минатата сезона. Шкотланѓанецот одигра клучна улога во освојувањето на шампионската титула, само неколку месеци откако си замина од Манчестер Јунајтед, каде што беше означен како „вишок“.

Наградата за најдобар тренер во сезоната 2024/25 сосема очекувано му припадна на Антонио Конте, стратегот кој го врати Наполи на врвот на италијанскиот фудбал.

Во останатите категории, Николо Бертола е прогласен за најдобар млад играч, Даниеле Довери ја доби наградата за најдобар судија, додека легендите Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи беа почестени со наградата за животно дело.

Избран беше и идеалниот тим: Миле Свилар (Рома), Дензел Дамфрис (Интер), Алесандро Бастони (Интер), Амир Рахмани (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Тијани Рејндерс (Милан), Николо Барела (Интер), Скот Мектоминеј (Наполи); Мојс Кеан (Фиорентина), Матео Ретеги (Аталанта) и Лаутаро Мартинез (Интер).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×