Фудбалерите на Ница, Жереми Бога и Терем Мофи, покренаа правна постапка откако беа физички нападнати од сопствените навивачи. Двајцата се моментално на се надвор од террените поради инцидентот што го вовлече клубот во целосен хаос, пренесуваат француските медиуми.
Нападот се случил во неделата навечер, по поразот од Лориен со 3-1. Клупскиот автобус пристигнал во тренинг-центарот, каде околу 400 гневни навивачи ги пречекале играчите и стручниот штаб. Бога и Мофи биле удирани со тупаници и клоци, а наводно добиле и расистички навреди.
Според извештаите, некои од ударите биле насочени кон гениталиите на фудбалерите. Исто така двајцата поради повредите нема да можат да тренираат околу една недела.
Медиумитее пишуваат и дека иако играчите биле предупредени дека ги очекува непријателски пречек уште од аеродромот, тимот сепак решил да се врати во тренинг-центарот.