Двајца голмани на Манчестер сити сакаат да го напуштат клубот и тоа уште во јануари, поради недостиг на минутажа.
Џејмс Трафорд и Стефан Ортега очекуваа поголема улога оваа сезона, но станува сè поочигледно дека Џанлуиџи Донарума е апсолутен прв избор на Пеп Гвардиола, што ја затвори вратата за конкуренцијата.
Трафорд, пристигна ова лето од Барнли за 27 милиони фунти и со оглед на сумата платена за него очекуваше дека ќе добие повеќе шанса. Освен тоа има амбиција да игра на Светското првенство, но доколку и понатаму остане прикован за клупата, шансите за настап на Мундијалот му се минимални.
Незадоволство владее и кај Ортега, кој го загуби дури и статусот на втор голман.
Сепак, Сити нема да ги пушти двајцата во јануари, освен ако не доведе нов чувар на мрежата. Но сосема е извесно дека никој нема да биде изненаден доколку барем еден од нив си замине од „Етихад“ во зимскиот преоден рок.