Јамал размислувал да игра за друга репрезентација: Немаше да биде ниту чудно, ниту погрешно

by Стефан
1 минути читање

Осумнаесетгодишната ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, во разговор за „ЦБС“ откри дека сериозно размислувал да настапува за Мароко пред да го облече дресот на Шпанија. Мароко е татковината на неговиот татко, Мунир Насрауи, па поради тоа за него било и природно да размислува на таа тема.

„Идејата да играм за Мароко навистина ми беше во глава. Тогаш Мароко стигна до полуфиналето на Светското првенство, но на крајот ја избрав Шпанија. Со сета почит и наклонетост кон Мароко, отсекогаш сум сонувал да играм на Европско првенство, да играм овде, во Европа. Европскиот фудбал дава поголема видливост и поблиску е до меѓународното ниво“, истакна Јамал.

Европското првенство тој и веќе го освои со Шпанија.

„Во Барселона ми се роди желбата да го освојам Европското првенство, што фала му на Бога и го направив. Сега сакам да играм на Светското првенство и да имам шанса да го освоиме. Секогаш ќе имамм чувства кон Мароко. Тоа е и моја земја. Да играм за нив немаше да биде ниту чудно, ниту погрешно, но растев во Шпанија и ја сметам и за своја земја“, нагласи Јамал.

Младиот ас ќе ја предводи репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство во САД следната година, каде „Фуријата“ ќе биде меѓу главните фаворити за светската круна.

За сениорскиот тим на Шпанија, Јамал веќе има 23 настапи и шест погодоци, а претходно играше и за сите младински категории на националниот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×