Кремонезе со 3-1 победи на гостувањето кај Болоња, а победата можеше да биде и поубедлива да не се случеше ова неверојатно промашување на Теречано.
Фудбалерот на Кремонезе се најде во идеална позиција, пред него имаше празен гол, а тој успеа да шутне над него и покрај тоа што беше на само два метри.