Реал Мадрид сака бек од 70 милиони евра!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид го прави планот за засилувања за следната сезона, а високо на листата со желби е левиот бек на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун.

Неговата цена ќе биде меѓу 60 и 70 милиони евра. Информациите од Шпанија велат дека Реал Мадрид праќа скаути на последните натпревари на Ајнтрахт да го следат овој фудбалер. Кралскиот клуб имал свои луѓе на натпреварите против Аталанта и Келн.

Станува збор за 22 годишен лев бек од Германија кој потекнува од школата на Нирнберг.

Реал Мадрид минатото лето даде 50 милиони евра за Карерас, па чудно е зошто би купувале уште еден толку скап играч на истата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×