Екипата на Хамбургер славеше над Штутгарт со 2-1, а во овој натпревар шанса доби и младинскиот хрватски фудбалер Лука Вушковиќ кој во ХСВ настапува на позајмица од Тотнем. Домаќините до триумф стигнаа со голот на Фабио Вијеира во 94. минута.
Но, по средбата германските медиуми објавија дека 18-годишниот дефанзивец бил тој кој го привлекол вниманието на Барселона. Сепак, се нагласува и дека Вушковиќ веќе подлого време е следен и од други големи клубови.
„Повеќе големи клубови покажаа интерес за неговите услуги, псобено Барселона, која дефинитивно сака да ја засили одбраната за наредната сезона и сериозно го разгледува Вушковиќ. Иако каталонците предност им даваат на левоноги стопери, Хрватот и понатаму е на нивниот радар, доколку Тотнем биде подготвен за преговори“, пишуваат Германците.
ХСВ не крие дека би сакал да го задржи Вушковиќ и следната сезона. Во трката се вклучила наводно и Борусија Дортмунд, но конечната одлука ќе ја има Тотнем кој ги поседува неговите права.