Пакета жестоко беше нападнат по бизарното исклучување, па се огласи: Тешко да се живее со тоа што ми се случи…

by Стефан
1 минути читање

Бразилецот Лукас Пакета од редовите на Вест хем се соочи со жестоки обвинувања по вчерашното исклучвање во дуелот со Ливерпул.

Таквото исклучување за навивачите е сомнително поради обвинувањата со кои се соочуваше Пакета во минатото за местење со добивање на картони. По реакциите на социјалните мрежи се огласи и самиот фудбалер.

„Разбирам дека сега треба да ја играм улогата на негативец. Тешко е да се живее со сè што ми се случи во животот и со тоа како влијаеше врз моето ментално здравје. Ќе продолжам да се трудам тие работи да ме погодуваат сè помалку. Тоа не го оправдува моето исклучување и затоа им се извинувам на навивачите и на моите соиграчи“, објави Бразилецот..

Пакета во вчерашната ситуација прво доби жолт картон од судијата Дарен Ингланд поради постојано приговарање. Во еден момент судијата дури го повика капитенот Џерод Боуен да го смири, но Пакета не застануваше, продолжи со жестоки гестикулации и коментари, по што Ингланд му покажа уште еден жолт картон, што автоматски значеше исклучување.

Но, навивачите потсетуваат и дека во минатиот натпревар одработи суспензија поради пет жолти картони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×