275
Манчестер јунајтед денес запиша важна победа во Премиер лигата, совладувајќи го Кристал палас со 2-1, а на теренот повторно блескаше Бруно Фернандеш.
Искусниот Португалец, кој има 31 година, беше најдообриот на теренот и средбата ја заврши со две асистенции.
Со двете асистенции, Фернандеш се искачи едно место погоре на клупската вечна листа на асистенти, прескокнувајќи ја легендата Пол Сколс. Сега е на бројка од 56 асистенции, додека Сколс останува со 55.
Пред него се уште трите големи имиња, Рајан Гигс со 162 асистенции, Вејн Руни со 93 и Дејвид Бекам со 80.