ФИФА ќе тестира ново правило, играчите ќе добиваат „исклучувања“ од по две минути?

by 24 фудбал
1 минути читање

ФИФА подготвува ново правило со кое сака да ја зголеми ефективната игра и да го намали непотребното губење време на натпреварите.

Во следниот период ќе се тестира мерка според која секој фудбалер што ќе побара медицинска интервенција ќе мора задолжително да остане надвор од теренот две минути, односно нема да може да се врати пред да поминат 120 секунди.

Претседателот на судиската комисија Пјерлуиџи Колина објасни дека правилото ќе важи во сите случаи, освен ако играчот не е повреден поради прекршок за кој противникот добива жолт или црвен картон. Со ова ФИФА сака да го намали бројот на симулации и намерни паузи кои служат за одолговлекување на играта.

Новото правило првпат ќе биде тестирано на Арапскиот куп што ќе се одржи во Катар од 1 до 18 декември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×