98
Атлетико Мадрид вечерва рутински го совлада тимот на Реал Овиедо со 2-0 во натпревар од 14. коло на шпанскиот шампионат.
Мадриѓаните ја завршија работата уште во првите 45 минути, благодарение на Александер Сорлот.
Норвежанецот најпрво погоди во 16. минута, а само десет минути подоцна повторно беше прецизен, поставувајќи го конечниот резултат и осигурувајќи нови три бода за избраниците на Диего Симеоне.