114
Фудбалерите на Фулам приредија изненадување совладувајќи го Тотнем со 2-1 на негов терен во дуел од 13. коло во Премиер лигата.
Гостите фуриозно го започнаа мечот и уште во 4. минута Тете ја затресе мрежата на Викарио за прво водство. Само две минути подоцна, по непромислено истрчување на голманот на „петлите“, Вилсон постигна нов гол за 0-2.
Тотнем во продолжението се обидуваше да се врати во натпреварот, но успеа само да намалипреку Кудус, кој во 59. минута го постигна единствениот гол за домаќините, поставувајќи го конечниот резултат