167
Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс потврди дека Фудбалската асоцијација на Англија ја одбила жалбата за црвениот картон на Идрис Геј кој на дуелот со Манчестер Јунајтед го удри својот соиграч Мајкл Кин.
Мојс нагласи дека одлуката била донесена без дополнително образложение. Ова значи дека Геј ќе биде надвор од тимот на следните три пресметки во Премиерлигата против Њукасл, Бормут и Нотингем Форест.
Инцидентот се случи во 13 минута од натпреварот против Манчестер Јунајтед. Иако Евертон остана со играч помалку, тимот успеа да постигне гол во 29 минута и да триумфира со 0-1 на гостински терен.