Шкендија со пораз се враќа од Косово, Дрита со еден гол дојде до трите бода (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот шампион Шкендија со 0-1 загуби на гостувањето кај Дрита во натпревар од четвртото коло во Конференциската лига.

Само еден гол беше постигнат на овој дуел, Арб Манај погоди во 20. минута за водство на Дрита од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Шкендија се обидуваше да дојде до израмнување, во вториот дел ја погоди и пречката од голот на домаќините, но не успеа да ја затресе нивната мрежа.

Тетовскиот тим го претрпе вториот пораз во четвртиот меч од Конференциската лига, остана со четири бодови.

По четири одиграни кола Шкендија е на 25. место на табелата, првите 24 одат во нокаут фазата.

Следен натпревар на Шкендија е на 11. декември кога во Скопје ќе ја пречека екипата на Слован Братислава.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×