Во Косово не штедат: Фудбалерите ќе добијат бонус од соништата, ако се пласираат на Светското првенство

by Стефан
1 минути читање

Фудбалеерите на Косово кои ќе играат во баражот за Мундијалот ќе бидат богато награден од Владата во оваа земја која ќе им подели 250.000 евра.

Но, исто така на фудбалерите им е ветено и двојно повеќе, 500.000 евра, ако успеат да ја елиминирааат Словачка и дојдат до финалето од баражот, доодека со пласман на Светското првенство наредното лето би добиле еден милион евра.

„Во име на Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Косово и националниот тим, искрено му се заблагодарувам на в.д. премиерот Албин Курти и на Владата на Република Косово за признанието на нашите досегашни успеси и за наградата која ни беше доделена за пласманот во квалификациите за Светското првенство 2026. Оваа институционална поддршка е доказ за целосната доверба во нашата работа, посветеност и патот што го градиме заедно“, истакна Агим Адеми, првиот човек на косовскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×