Нов скандал во Барселона: Многу прекршоци и нелегални работници при реновирањето на „Камп Ноу“

by 24 фудбал
1 минути читање

Инспектори од шпанското Министерство за труд откриле сериозни прекршувања на градилиштето на реновираниот „Камп Ноу“. Како што пренесува „Ел Периодико“, дури 79 турски работници ангажирани преку подизведувачот „Екстрим Воркс“ немале валидна документација за работа во Каталонија.

Поради тоа е изречена казна од 1,09 милиони евра, која ја зголемува вкупната сума на санкции против подизведувачите на над три милиони евра. Истрагата започнала по пријава на синдикат, откако дел од работниците при враќање дома дознале дека не се регистрирани и покренале постапка.

Медиумите наведуваат дека работодавачот дури отпуштил неколкумина и ги вратил во Турција за да избегне последици. Новиот скандал дополнително го засенува проектот за реконструкција на „Камп Ноу“, кој и онака се соочува со доцнења, зголемени трошоци и критики.

Барселона се врати на реновираниот стадион со победа од 4:0 над Атлетик Билбао, но ситуацијата со работниците фрли сериозна сенка врз големиот камбек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×