Голманот кој речиси сите го заборавија заминува од Јунајтед – 1029 дена е без настап!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот репрезентативец на Англија, Том Хитон ќе си замине од Манчестер јунајтед каде што настапуваше од 2021 година.

Хитон кариерата ја започна во Јунајтед и во првиот мандат беше во клубот од 2005 до 2010 година, а во вториот се врати по 11 години, но во последните 1029 дена е без настап. Покрај тоа што беше далеку од шанса за настап тој имаше плата од 2.9 милиони евра годишно.

Потврди дека заминувањето од Манчестер јунајтед за него нема да биде крај на кариерата и сака да продолжи да брани.

„Не можеш да го изгубиш тоа чувство. Се обидувам и понатаму да се изборам за дресот и поради тоа деновите без натпревар се тешки. Седам на трибини и работам на загревање со момците, а потоа давам поддршка од сенка“, изјави Хитон.

Низ кариераа беше дел уште од: Свиндон, Ројал Антверп, Кардиф, КПР, Роксдејл, Бристол сити, Барнли и Астон вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×