Бурно било во Ливерпул: Срамота е што изгубивме 3-0 од Нотингем

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, откри дека тимот имал искрен и тешки разговори по двата последователни порази со 3-0 во Премиерлигата, од Манчестер сити и Нотингем форест.

Актуелниот англиски шампион по 12 одиграни кола се наоѓа дури на 12. место со 18 бодови и осум порази на последните 11 натпреварии, иако на лето и тоа како потрошија на скапи засилувања.

„Беше срамно да загубиме 0:3 од Нотингем пред нашите навивачи. Заслужуваат да им вратиме со нешто“, изјави Гакпо, додавајќи дека тимот денови по поразот отворено разговарал за проблемите.

Тој потенцираше дека е клучно играчите „да останат заедно“ и да го пронајдат патот до старата форма.

Вечерва Ливерпул го пречекува ПСВ во петтото коло од Лигата на шампионите, клубот во кој Гакпо настапуваше пет години пред трансферот на Енфилд. Во Лигата на шампионите, Ливерпул има освоено девет бодови од четири натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×