Челси ја понижи Барса, Леверкузен го шокираше Сити среде Манчестер! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Челси ја надигра и со убедливи 3-0 ја победи Барселона, Манчестер Сити на свој терен загуби од Баер Леверкузен, Јувентус со 3-2 славеше на гостувањето кај Бодо/Глимт во најефикасниот денешен меч од Лигата на шампионите.

Челси буквално ја понижи Барселона која во ниту еден момент од мечот не покажа моќ. На домаќините им беа поништени два гола пред да постигнат регуларен. Тоа се случи во 27. минута кога Кунде со несмасна реакција му донесе водство на противникот.

Се беше решено во 44. минута кога Араухо доби втор жолт картон и Барселона остана со играч помалку.

По десет минути игра во вториот дел Естевао зголеми на 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Лиам Делап во 73. минута.

Шокантен пораз доживеа Манчестер Сити кој на свој терен загуби од Баер Леверкузен со 0-2.

Грималдо погоди во првото полувреме, Шик реализираше во вториот дел за германскиот тим.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Бодо/Глимт и Јувентус, италијанскиот тим победи со 3-2.

Домаќините имаа водство од 1-0 по првиот дел со гол на Бломберг, но брзо во вториот дел Опенда и Мекени реализираа за пресврт.

Фет израмни на 2-2 во 87. минута, а во судиското продолжение Давид погоди за победа на Јувентус од 3-2.

Наполи со 2-0 го победи Карабах, Елмас ги одигра последните 15 минути. Веќе беше поставен конечниот резултат кога тој влезе.

Мектоминеј даде гол, вториот беше автогол на Јанковиќ.

Њукасл со гол на Барнс имаше водство во првото полувреме во Марсеј, но на почетокот од вториот дел Обамејанг даде два гола за победа од 2-1 на францускиот тим.

Борусија Дортмунд со убедливи 4-0 ја совлада екипата на Виљареал, немаше погодоци на дуелот меѓу Славија Прага и Атлетик Билбао.

Претходно Бенфика со 2-0 го победи Ајакс, а Ројал Унион со 1-0 слаеше кај Галатасарај во Истанбул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×