ФИФА прави преседан: Ќе му попушти на Роналдо и нема да го суспендира за стартот на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ѕвездата на португалската репрезентација Кристијано Роналдо ќе биде во комбинација за првиот настап на Светското првенство. Искусниот напаѓач доби црвен картон на дуелот со Република Ирска, кога беше исклучен поради удар со лакот во грбот на Дара Ошеј во поразот со 2:0.

Иако ваквиот прекршок обично носи суспензија од два или три меча, ФИФА направи преседан и одлучи вториот и третиот натпревар да му бидат условна казна. Светската куќа на фудбалот го земала предвид фактот дека ова е негов прв црвен картон во дресот на националниот тим по вкупно 226 настапи.

Роналдо ја одработи единствената суспензија на пресметката со Ерменија. Со тоа искусниот голгетер ќе му биде целосно достапен на селекторот за сите натпревари на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×