Нема да има промени: Македонија ако се избори за СП оди во четвртиот шешир!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската репрезентација ги чека мартовските баражи кои ќе одлучат дали конечно ќе се избориме за историски настап на едно Светско првенство. Додека селекторот и играчите се фокусираат на Данска како прв противник, ФИФА веќе ги соопшти сите детали околу ждрепката за групната фаза на Мундијалот што ќе се одржи на петти декември.

На шампионатот во Северна Америка ќе играат рекордни 48 селекции и токму затоа системот на ждрепката е значително проширен. Доколку Македонија ја заврши својата тешка мисија со победа против Данска, а потоа и против подобриот од дуелот Чешка Ирска, ќе се најдеме во четвртиот шешир.

Тоа значи дека не можеме да бидеме извлечени со ниту една репрезентација што доаѓа преку плеј офот на УЕФА. Истото важи и за селекциите Јордан, Капо Верде, Гана, Курасао, Хаити и Нов Зеланд кои се дел од истиот шешир. Во спротивно ќе не очекуваат ривали од највисоко ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×