Пелистер со убедливи 3-0 ја победи Шкупи на мечот кој се играше во Струга каде што чаирскиот тим е домаќин поради суспендираниот стадион на Чаир.
Ова беше последниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига, а Пелистер ја искористи фаворитската улога и запиша три многу важни бода во битката за опстанок.
Во првото полувреме и двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа, сите три погодоци на битолчани беа постигнати во вториот дел.
Резултатот го отвори Петковски, Ристевски зголеми на 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Булатовиќ.
Овој триумф на Пелистер доаѓа по победата над Брера, битолчани кои беа во длабока криза врзаа два триумфи по ред што можеби е најава за подобри денови за зелено-белите.