Босански голман намерно удри противник и го – онесвести! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Една неверојатна сцена доаѓа од фудбалските терени во Босна и Херцеговина каде што центар на вниманието стана голманот на Ораховиќ кој брутално нокаутираше фудбалер на Омладинец.

Инцидентот се случи кога голманот на домаќините истрча далеку од својот гол за да пресече акција на противникот. Наместо да интервенира во топката, тој со силен удар со лакт го погоди играчот на гостите кој веднаш падна на земја и накратко ја загуби свеста.

Ситуацијата предизвика шок на теренот. Соиграчите на повредениот фудбалер веднаш реагираа и му притрчаа на помош, а лекарската екипа брзо влезе за да укаже итна медицинска интервенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×