Манчестер Јунајтед доживеа непријатен пораз од Евертон, тимот на Аморим речиси целиот натпревар го играше со фудбалер повеќе и загуби.
Шокантен момент се случи во 13. минута кога двајца фудбалери на Евертон се степаа меѓусебе. Геј му удри шлаканица на Кин и доби црвен картон. Поради оваа непромислена глупост гостите останаа со фудбалер помалку.
Во тие моменти се чинеше дека црвениот картон скапо ќе го чини Евертон и тешко ќе можат да се надеваат на поволен резултат од овој натпревар, но тие си заминаа со целиот плен победувајќи со 1-0.
Голот беше постигнат во 29. минута кога Дјузбери-Хол постигна гол за водство од 1-0 кое потоа значеше и победа.
WHAT A FUCKING STRIKE FROM DEWSBURY-HALL.
— Kay | Snapchat & IG Ads (@KayRMFC) November 24, 2025
pic.twitter.com/pz0y1rVU1y
Манчестер јунајтед притисна особено во вториот дел, се редеа шанси пред голот на Евертон, но Пикфорд беше фантастичен, голманот имаше неверојатни интервенции и беше играч на натпреварот.