Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука мечот од Втората лига меѓу Детонит Плачковица и Преспа кој заврши 1-1, да се регистрира со службена победа од 3-0 за домаќините.
По завршувањето на овој меч, Детонит Плачковица поднесе жалба за прекршување на правилото за број на младинци во текот на натпреварот од страна на ФК Преспа.
ФФМ ја разгледа и ја усвои жалбата на Детонит, па им додели службена победа.
„Службена победа од 3-0 за Детонит Плачковица врз основа на член 100, точка 5 од ПН, а врз основа на член 20 од Пропозиции за Втора лига 2025/26“, стои во одлуката на ФФМ.
Со оваа промена на бодовите Детонит и натаму ќе остане на седмото место но со 23 бода, Преспа без бодот паѓа за две позиции и сега ќе биде на 14 место.