Англискиот напаѓач Џејми Варди стана тема на денот за време на дуелот со Рома во неделата, откако на својот дрес го испиша прекарот на сопругата Ребека Варди.
Искусниот голгетер се приклучи на долгогодишната кампања на Серија А против насилството врз жените, која традиционално се одбележува во пресрет на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените.
Во рамки на иницијативата, фудбалерите имаа можност на дресовите да го напишат името на жена што им значи, а Варди одлучи да ја истакне поддршката кон својата сопруга.
Инаку ова е прва сезона на Варди во дресот на Кремонезе, по долгите 13 години поминати во Лестер Сити.