Навивачите на Барселона бесни: Не можат да си поверуваат како ВАР не го поништи овој гол на Реал (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По вчерашниот натпревар помеѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши без победник 2-2 реакции во јавноста има поради голот на Белингем со кој Реал во финишот успеа да извлече бод.

Голoт беше признат и покрај тоа што јасно се гледаше дека непосредно пред погодокот, Винисиус со ногата го удри голманот на Елче, Ињаки Пења, директно во главата, сцена која можеше да се забележи и на снимката. Домаќините бурно реагираа, но судијата Франциско Хосе Ернандез покажа кон центарот, иако Пења крвареше од носот по ударот.

Iñaki Peña bleeding nose after Bellingham goal 87’
byu/Odd_Opinion_461 insoccer

Ситуацијата ја разгледуваше и ВАР-собата, но погодокот на Реал не беше поништен. За „Марка“ ја коментираше поранешниот судија Алфонсо Перес Буруљ:

„Според мене, тука има елемент на опасна игра затоа што Винисиус го удри противничкиот голман и предизвика крварење. Но, судијата очигледно процени дека контактот не бил намерен и ја продолжи играта. Оваа ситуација може да се толкува на различни начини.“

Сепак, навивачите на Барселона се бесни и сметаат дека Реал само благодарение на судиската помош останал непоразен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×