Спартак Москва денес официјално потврди дека починал Никита Павлович Симонијан, легендарниот голгетер и една од најистакнатите личности во историјата на советскиот фудбал. Тој влезе во стотата година од животот пред еден месец и зад себе остави големо наследство.
Симонијан запишал 133 голови на 233 настапи за Спартак во периодот од 1949 до 1959 година и со тоа остана најдобриот стрелец во историјата на клубот од Москва. Во тој период го изгради статусот на вистинска икона за советскиот фудбал.
Беше дел и од репрезентацијата на Советскиот Сојуз која во 1956 година го освои златниот медал на Олимписките игри во Мелбурн. Иако не собра голем број натпревари за националниот тим, одигра 20 меча и постигна 10 голови, а неговата улога во тимот се сметаше за исклучително важна.
По завршувањето на играчката кариера во 1959 година премина во тренерските води. Го предводеше Спартак, беше селектор на СССР, па повторно се врати во Спартак, потоа работеше во Арарат и уште еднаш ја презеде репрезентацијата на СССР. Тренерската патека ја заокружи во 1988 година токму како предводник на националниот тим.