168
Стеауа Букурешт може среде сезона да остане без еден од најдобрите играчи во тимот.
Романскиот првак тешко дека ќе може да одолее на понуда од 10 милиони евра за услугите на Даниел Бирлигеа. За напаѓачот загриза Ал Калеј од Саудиска Арабија кој не сака да ја исплати клаузулата од 15 милиони, ама е подготвен да понуди нешто помалку.
Бирлигеа е еден од носителите на играта на ФЦСБ, летово играше дури и во реваншот со Шкендија во кој запиша асистенција.
Сезонава имаше мал проблем со повреди, а на 22 натпревари даде седум гола и пет асистенции.